4NEWS.mk

Втор ден напади на турската армија врз позиции на Курдите и ИД во североисточна Сирија

Турската војска повторно почна со гранатирање на сириските гранични градови, при што Рас Елејн беше прва цел во вториот ден од конфликтот, јави денеска сириската државна телевизија.

Досега 15 цивили се убиени во нападите на турската армија и над 20 повредени.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера објави дека турската војска почна операција „Извор на мирот“ против Курди и терористи на ИД во северна Сирија.

Веднаш потоа, турската авијација нанесе воздушни напади врз погранични градови, а подоцна беше почна и копнена операција.
 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни