Војската на Србија може да се пофали со три нови хеликоптери М-17 кои пристигнаа од Русија.
Српскиот Курир ексклузивно ги покажува првите фотографии од моќните летала кои додатно го засилија военото воздухопловство.

Станува збор за хеликоптери МИ -17 – најмоќните летала на светот во таа категорија на воздухопловството. Нивното поседување на овие летала не само што ќе ја засилат силата на военото воздухопловство, туку и мобилноста за извршување на другите борбени задачи на војската.

Трите хеликоптери со маслинеста боја го имаат и спрско знаме и останатите обележја на Република Србија.