Во седиштето на СДСМ вечерва се одржува средба на партискиот лидер Зоран Заев со првите луѓе на помалите партии коалициски партнери на СДСМ.
![]()
Се очекува на средбата Заев да ги информира лидерите на партиите членки на коалицијата на СДСМ за резултатите од лидерската средба што попладнево се одржа на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.
![]()
На лидерската средба во вилата „Водно“ беше договорно предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април 2020 година и беше искажан јасен државен консензус дека лидерите на релевантните партии стојат зад идејата Република Северна Македонија што е можно поскоро да ги почне преговорите за членство во ЕУ и што е можно поскоро да ги заврши преговорите и да стане полноправна членка на Унијата.