Во еден деловен простор во австрискиот град Перг се случи страшна несреќа при што едно дете (3) ја провлекло и ја заглавило раката во машина – т.н. вијчен транспортер.
На местото на несреќата пристигнале екипи на итната помош, но раката на детето можела да се ослободи само на еден начин – со ампутација.
Тригодишното дете со спасувачки хеликоптер на австриски автомобилски клуб е префрлен во болница. Австриските медиуми пишуваат дека не е јасно дали на детето ќе може да му се пришие ампутираната рака.
Тимот за кризни интервенции моментално се наоѓа на местото на трагедијата и се грижи за шокираните членови на семејството на тешко повреденото момче.