4NEWS.mk

Девојка прегазена од автомобил во Тетово, со тешки повреди пренесена во болница

Дваесет и три годишна девојка е тешко повреда откако вчера околу 17 часот била удрена од автомобил.
 
Несреќата, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, се случила на улицата „Страшо Пинџур“ кога автомобил „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Х.(54) од тетовски Порој, удрило во 23-годишната Ј.Т.(пешак) од Непроштено.
 
Девојката со тешки повреди била пренесена во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.
 
На местото на несреќата бил узвршен увид од страна на екипа од СВР Тетово.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни