4NEWS.mk

ЛШ: Реал гостува во Истанбул кај Галатасарај

Од денеска до четврток, актуелни ќе бидат натпреварите во двата европски фудбалски купови.
 
Со дуелите во Доњецк и Мадрид кои ќе започнат од 18 часот и 55 минути ќе биде отворена третата рунда во Лигата на шампионите. 
 
ПСЖ, Манчестер Сити, минхенски Баерн и Ајакс се четирите екипи кои во првите две кола забележаа по две победи, додека Лил, Бенфика, Баер Леверкузен и Аталанта сеуште немаат освоено бод. 
 
Најголем интерес вечерва ќе привлечат дуелите во Истанбул и Лондон, каде Галатасарај го пречекува Реал Мадрид, додека Тотенхем е домаќин на белградска Црвена Звезда.
 
Комплетни двојки за денешните дуели во Лигата на шампионите.
 
А група   ГАЛАТАСАРАЈ – РЕАЛ  М.
               БРИЖ – П.С.Ж.
Б група   ТОТЕНХЕМ – ЦРВЕНА ВЕЗДА
               ОЛИМПИЈАКОС – БАЕРН М.
Ц група   ШАХТЈОР –   ДИНАМО ЗАГРЕБ 18,55 часот
                МАНЧЕСТЕР С. – АТАЛАНТА
Д група   АТЛЕТОКО  М. – БАЕР Л. 18.55 часот
               ЈУВЕНТУС – ЛОКОМОТИВ М.
 
ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ СЕ ИГРААТ ВО ТЕРМИНОТ ОД 21 ЧАСОТ. 
 
Останатите осум средби во Лигата на шампионите ќе се играат утре, а во четврток на програмата се дуелите од 3.коло во Лига Европа

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни