4NEWS.mk

Американка намерно попарила тригодишно дете со жешка вода бидејќи се измочало на подот

Патриша Бухан од Њу Џерси, мајка на четири деца, признала дека тригодишно дете намерно го попарила со жешка вода бидејќи тоа се измочало на подот.

Бухан призна во судот дека му наредила на детето да ја соблече облеката и да влезе во када, по што го потурила со зовриена вода од тенџере и му нанела изгореници од втор степен, јавува „Њујорк пост“.

Детето не било нејзино. Мајката на момчето, Наташа Смит, живеела со Бухан и уште тројца возрасни во станот, и сите се обвинети за напад и загрозување на благосостојба на детето.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни