4NEWS.mk

Српска новинарка пронајдена мртва во својот стан, телото го пронашла нејзината ќерка

Новинарката Драгана Трипиќ (58) пронајдена е мртва во својот стан а според првичните информации таа извршила самоубиство.

Телото на 58-годишната новинарка го пронашла нејзината ќерка.

Како што пишува курир.рс, ќерката на новинарката на полицијата рекла дека Драгана била депресивна поради кредитот кој го имала во швајцарски франци.

Нејзината последна објава на Твитер се однесува токму на борбата на корисниците на овие кредити во швајцарските банки.

Драгана е родена на 16 мај 1961 година, а популарноста је стекнала како новинар во неколку белградски редакции. Учествувала и во неколку реални шоуа.



Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни