Вчера околу 12.25 часот, на бул.„Трета македонска ударна бригада“, во Куманово патничко возило „шкода“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д. (40) удрило во пешаците Љ.О.(76) и малолетник.
По незгодата пешаците биле пренесени во болница во Куманово, каде на Љ.О. му биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај малолетникот биле констатирани телесни повреди.
Увид бил извршен од екипа на СВР Куманово.