4NEWS.mk

Маскар на забава во Мексико: Напаѓачите отвориле оган врз насобраните гости, убиени тројца, меѓу жртвите и дете (4)

Засега непозната група напаѓачи отворила оган врз насобрани гости на една забава во Мексико Сити, усмртувајќи три лица, меѓу кои е и четиригодишно момче.

Во пукањето, кое се одиграло нешто после полноќ, ранети се уште пет деца и три жени.

Канцеларијата на обвинителството на Мексико Сити соопшти дека се ранети две деца на возраст од две години, 11 – месечно бебе и две деца од четири и 10 години.

Напаѓачите побегнале по пукањето кое се случило во сиромашната општина Истапалапа.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни