4NEWS.mk

Детали за сообраќајката на патот Струга – Дебар, тешко повредено дете и уште две лица

Вчера во 06.50 часот на регионалниот пат Струга – Дебар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „пежо“, со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Р.Ш.(33) и патничко моторно возило „бмв“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(45), двајцата од с.Велешта, струшко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле В.Р.Ш. и сопатникот – малолетник од истото возило, а со телесни повреди се здобил А.К., по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ – Охрид.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни