Само три земји-членки беа скептични за почеток на преговорите со Европската унија и тоа покажува дека има голема желба и волја да и се даде датум на Македонија. Ова на панел-дискусија го кажа претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли. Вели дека Македонија е подготвена за почеток за пристапните преговори.
Според него, Македонија направила многу реформи за да ги почне преговорите.
-Вие дури и го променивте името за да почнат преговорите, рече Сасоли.
Од страна на некои држави имаше сомнежи, вели Сасоли, а ние ќе ги убедиме да го променат своето мислење.
Посочува дека пристапните преговории мора да почнат побрзо, уште следната година.
Даниел Василев