4NEWS.mk

Почувствуван земјотрес во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 20 часот и 56 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 40 км западно од Скопје, во подрачјето на Гостивар.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.2. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Скопје, Неготино земјотресот беше почувствуван со интензитет од III степени според истата скала. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни