Во англиската престолнина со ждрепка се извлечени групите за завршниот тениски Мастерс на кој ќе играат најдобрите тенисери и тоа од 10 до 17 ноември.
Среќата сакаше во иста група да бидат Новак Ѓоковиќ, кој во неделата го освои Мастерсот во Париз и Роже Федерер. Дуелот во „О2“ арената во Лондон ќе биде нов меч по пауза од четири месеци од финалето во Вимблдон.
Ѓоковиќ и Федерер се во групата „Бјерн Борг“ заедно со Доминик Тим и Матео Беретини.
Во групата „Андре Агаси“ е првиот носител Рафаел Надал, заедно со русинот Данил Медведев, Стефанос Циципас и бранителот на трофејот Германецот Александар Зверев.