4NEWS.mk

Земјотрес го стресе Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од  Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес 8.11.2019 година во 04 часот и 39 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 65 km јужно од Скопје, во подрачјето на Прилеп. 

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.3. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни