Македонија

Живот на рати – граѓаните на протест – за 2,5 денари извршителите бараат илјадници денари

Златка Штерјоска од Кичево, откако го исплатила кредитот за наводна камата на 2,5 денари сега треба да плати илјадници денари.

„Имав кредит земено од Стопанска банка во 2007 година, го исплатив во 2008 година во целост 224.000 денари оставиле намерно банката 2,5 денари камата само кредитот да биде отворен. По судска пресуда, никаде не  доставуваа извод од уплатата на овој износ што го има банката“, вели Златка Штерјоска од Кичево.

Извршителски маки има и Ќаиљ Бериша кој  бил отпуштен од работа, судот го вратил но и го условил, да не бара отштета.

„Се жалам најмногу  од извршителите и од судството. Имам докази тука за судството, ме избркаа  од работа наводно не сум бил три дена на работа, а тој ден се избркани 200 души од Железара. Јас тужев и судот ми рече дека ќе ме врати на работа, но немој да бараш отштета. Јас им реков дека ќе барам бидејќи сум две години без работа. Подоцна предметот се изгуби“, изјави Ќаиљ Бериша.

На протестот се приклучија и граѓаните кои протестираат против БЕГ. Ова е 285-та сабота како нивните барања не се исполнети.

„Јасни се нашите барања. Отпис на старите долгови, отпис на каматите кај јавните претпријатија и државните фирми и да се стави мораториум на извршувањата и каматите да се запрат. Не може банката да оди во крајност. Ревизија на криминалот. Има кривични пријави, одговара специјален јавен обвинител, одговараа судии, политичари, но ниту еден извршител и нотар не одговара“, вели еден демонстрант.

Стравуваат дека, покрај блокираните сметки од страна на извршителите, ќе останат и без своите куќи.

„Ние граѓаните кои се собираме овде имаме повеќе од 15 тужби, неосновани без никаков доказ, со тоа имаме навлечено и многу извршители по што ни блокираа сметки, веќе ќе почнат и домовите да ни бидат во критична ситуација. Се уште ништо не е правено за граѓаните кои што не користат услуга“, изјави Ружица Попоева Наумова.

Велат дека со закон се исклучени, но сепак им пристигнуваат нови фактури.

„Пак ни доаѓаат опомени, пак добив нови фактури и за април и за мај , нотари, извшителот два пати ми земале пари од банка без никакво претходно известување“, изјави Надежда Китановска.

За сметките од 11 илјади денари за парно и струја, граѓаните пред нотар плаќаа околу 5 800 денари, но со последните законски измени и ограничувањето на нотарската награда до 500 денари, вкупните трошоци сега изнесуваат околку 750 денари. За истата сметка пак трошокот пред извршител, ако досега чинел околу 6 илјади денари, сега тој би изнесувал само 1 660 денари. Укинато е и задолжителното објавување во службен весник.Сите извршители во земјава за последните 5 години, заклучно со 2016тата година имале вкупни приходи од 60 милиони евра, додека нивната добивка изнесувала 23 милиони евра.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни