Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, изјави дека секогаш отворено му кажува на својот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, што мисли за неговите говори и интервјуа, дури и кога тој, како што наведе, „понекогаш не сака да го слушне тоа“.
Во интервју за „Фокс њуз“, Меланија Трамп раскажа дека по обраќањето на нејзиниот сопруг пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк му кажала дека „многу добро зборувал“ и дека одржал „одличен говор“.
„Значи, му ја кажувам вистината. Понекогаш не сака да го слушне тоа што му го кажувам, но тоа е во ред. Секогаш ја кажувам вистината“, изјави Меланија Трамп, пренесе магазинот „Пипл“.