Македонија

Протест пред затворот во Шутка – против префрлањето на Шефќет Халаќи во Прилеп

Десетина граѓани се собраа пред затворот во Шутка во одбрана на затвореникот Шефќет Халаќи од Кумановската група. Тие протестираа против неговото префрлање во затворот во Прилеп, бидејќи како што велат, затворениците таму лошо ги третираат. Организаторот на протестот, Блерим Ахмети, кој што е брат на Ел Чека, побара директорот на затворот да излезе надвор и да изјави зошто се прави овој трансфер.

По неколку минути, директорот на затворот Есад Рахиќ излезе за да разговара со демонстрантите. Тој рече дека судот одлучува во кој затвор ќе биде сместен Халаќи и дека не е вистина дека тој ќе биде префрлен во Прилеп.

Блерим Ахмети не им верува на зборовите на директорот на затворот. Тој рече дека доколку се случи трансфер, повторно ќе излезат на протест.

Демонстрантите велат дека Шек Халаќи штрајкува со глад и дека му се влошува здравствената состојба. Демонстрантите си заминаа мирно. Шефќет халаќи е осуден на 40 години затвор од судот во Скопје. Тој е обвинет за терористичко дело за настаните во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година, заедно со уште 37 други лица.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни