Македонија

Партиите да не калкулираат со бројки туку со квалитет – Незири за промената на изборниот модел

Аналитичарот, Џелал Незири, вели дека сега е време политичките партии да не калкулираат со сегашните бројки на излезеноста на изборите и да проектираат колку пратеници ќе имаат, туку да калкулираат базирајќи се врз индикаторите како што се воведувањето на вредностите во политиката и квалитетниот кадар.

„ВМРО и ДУИ, но и СДСМ се партии кои на некаков начин се навикнати на овој изборен модел и да победуваат со овој модел, секоја промена може да го стави под знак прашалник изборниот резултат кои можат да го постигнат овие партии. Тоа што го бараат помалите партии, мислам доколку се гледа изборниот праг, 5% треба да сочинуваат 60 илјади гласа и 3% 40 илјади гласа. Малите партии не можат да го поминат прагот за да имаат свои претставници во Парламент. Со тој модел нема да се намали бројот на пратениците Албанци, туку може да влијае и тие да се избираат можеби со бројка ќе бидат помалку, но ќе бидат поквалитетни“, изјави Џелал Незири – аналитичар.

Во нашата соседна земја – Косово се гласа во една изборна единица и отворени листи. Но политичниот аналитичар од Косово, Имер Мушколај, вели дека кога има повеќе изборни единици, конкуренцијата ќе биде поголема меѓу кандидатите за пратеници во одредените зони.

„Проблемот со една изборна единица, како што е во Косово, е во тоа што пратениците немаат основа од каде ги земаат гласовите и тоа подразбира дека кандидатот за пратеник од Приштина, може да добива гласови и од Качаник, Пеќ и Ѓаковица. Неговата одговорност пред гласачите е помала. Но да беше поделено на повеќе зони, јас сум скептичен дека ќе се поделат, не како што е во Македонија, но повеќе од шест, тогаш ќе имаше поздрава конкуренција меѓу кандидатите за пратеници на одредени зони“, изјави Имер Мушколај – аналитичар.

На парламентарните избори во 1990 и 1994 година распределбата на пратеничките мандати  беше со примена на мнозинскиот изборен модел, со апсолутно (во првиот круг) и релативно мнозинство (во вториот круг). Во 1998 година се напушта апсолутната доминација на мнозинскиот и се воведе  комбиниран изборен модел: 85 пратеници се избираат врз основа на мнозинскиот модел, а 35 пратеници врз основа на пропорционалниот модел. Распределбата на мандатите е извршена врз основа на Донтовиот модел, со изборен праг од 5%. На парламентарните избори во 2002 година се воведува пропорционален модел. Истиот изборен модел е употребен и при спроведувањето на парламентарните избори во 2006 година и во 2008 година. Според овој модел територијата на Република Македонија е поделена на шест изборни единици, а во секоја изборна единица се избираат по 20 пратеници. Во 2011 година за прв пат се избираат и тројца пратеници од дијаспората според моделот на мнозинството при што дијаспората беше поделена на три изборни единици. Истиот изборен модел е применет и на парламентарните избори во 2014 година. Во 2016 година промени во моделот имаше за гласањето на дијаспората. Овој пат дијаспората наместо во три, гласаше во една изборна единица.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни