Македонија

Договорено е! Ќе се отвори граничен премин Лојане – Миратовац

„Само што се договоривме со српскиот претседател Вучиќ за границата Лојан-Миратоц. Тој вети дека Србија веднаш ќе го одобри меморандумот за отворање на граничниот премин, со кој може да започнат подготвителните работи“, напиша на социјалната мрежа Фејсбук, вицепремиерот Бујар Османи.

ТВ21 веќе неколку пати известуваше за жителите од овој регион кои наместо за 3 километри да влезат кај нивните први соседи во Србија, треба да кружат повеќе од 30 километри.

Србија формира координативно тело – Конечно мрдна од „мртва точка“ прашањето за преминот Лојане – Миратовац

Заеднички граничен премин со Србија, од четврток ќе се поминува побрзо на Табановце

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни