Македонија

При кражба вечерва на Бит Пазар, куршум завршил во нога кај случаен минувач – итно префрлен на клиники

Околу 20 часот вечерва на улица бр. 192 кај Бит Пазар пријавена е кражба при што е испукан проектил од пиштол, велат од МВР за ТВ21.

Проектилот завршил во ногата на А.Ш (42) од Скопје, по што со возило на Итна медицинска помош е префрлен на комплексот клиники каде му е укажана лекарска помош.

ТВ21 од извори во МВР дознава дека обезбедено е возилото со кое е извршена кражбата и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни