Среќни се и насмеани, бидејќи си играат и цртаат заедно. На едно место се собраа децата од Здружението „Имаго Плус“ и децата од второ одделение од училиштето „7-ми Март“. Тие не прават разлики меѓу себе. Здружението, чија дејност е подигање на психо-социјалната свест „Имаго Плус“ во соработка со Министерството за култура, го спроведоа проектот „Секој уметник на почеток е аматер“. Според психологот, Земријете Беља Весели, целта на овој проект е децата со попреченост во развој да се вклучат во сите активности.
-Организирањето на вакви активности се прави со цел да се видат вештините на децата, а не само нивните недостатоци. Ова може да биде една од активностите кои децата ги преферираат, а и родителите можат да учествуваат за да ги оттргнат децата од технологијата-вели Весели.
Мајката на Меридиан, кој има аутизам, вели дека родителите постојано треба да ги ангажираат децата со активности, бидејќи како што вели, само така можат да забележат успех.
-Би ги советувала сите родители уште од најрана возраст да ги носат децата на ваков третман, бидејќи само на овој начин децата можат да постигнат успех-рече мајката на Меридиан.
-Нашите деца се од второ одделение, ги донесовме со цел да се дружат со децата со попреченост. Целта е сите деца да бидат исти, нема разлики, сите се еднакви-рече Иљмије Шахини, наставничка во ОУ „7 март“.
Инаку, во рамките на овие активности, децата ја посетија Старата скопска чаршија, при што имаа можност да се запознаат со старите занаети како што се поправка на музички инструменти, производство на капи и бојосување облека. Мотото на овој проект беше „Гледајте ги вештините, а не нивните недостатоци“.