Бројот на несакани бремености кај малолетни девојчиња во Македонија секоја година наизменичен. Според податоците од Гинеколошката болница Мајка Тереза во Скопје, во 2019 до септември се регистрирани 40 случаи, во 2018 родиле 82 девојчиња под 18 годишна возраст, во 2017 имало 76 вакви случаи а во 2016 84 девојчиња станале мајки. Гинекологот Викторија Јовановска вели дека раѓањето на рана возраст е ризично бидејќи, како што вели , репродуктивните органи се уште не се доволно развиени.
Но зошто се случуваат несакани бремености кај малолетни девојчиња? Психологот Едлира Дестани вели дека не станува збор само за психолошки проблем туку општествен за што треба да реагираат институциите.
Според психологот Дестани, проблематиката не е само во бременоста на рана возраст туку има и многу случаи кога девојчињата абортираат на рана возраст. Според податоците на Гинеколошката клиника Мајка Тереза во Скопје, девојчиња кои најчесто остануваат бремени на рана возраст се девојчиња од ромската заедница.