На улица Македонија, која е пешачка зона, продолжува непречено да се одвива сообраќај за возила. Надлежните и натаму не превземаат никакви мерки. Улицата Македонија освен што стана улица за кафе, непречено поминуваат возила и служи како паркинг простор.
ТВ21 неколку пати пишуваше на оваа тема, и надлежните институции ветија дека ќе воспостават ред, но ситуацијата на терен не е променета.
Дипломатското возило што денеска помина на улица Македонија беше управувано од Штерјо Наков, дипломатски конзул на Романија во Македонија со седиште во Штип.
Дали прекшување на сообраќајните правила личи на еден почесен конзул, заклучете сами.