Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ќе изврши увид во реновираните и комплетно опремени училници на Академијата во кои е инсталирана напредна образовна технологија наменета за проектот за напредно учење на далечина.
Реновирањето е извршено со средства од Министерството за одбрана, а опремувањето со врвна техничка и компјутерска опрема е донација од Кралството Норвешка.