Македонија

„Ласкарци“, сведочеше возачот Наумовски – неколку години по ред автобусите имале манипулатор на брзина

Автобусите на Дурмо Турс, на линија Скопје-Гостивар подолго време имале вграден уред за манипулирање со брзина. Ова го изјави возачот на ова компанија Филип Наумовски, во судското рочиште за случајот „Ласкарци“. Тој 8 години работи во оваа компанија како возач и кондуктер. Наумовски рече дека заедно со другиот возач, Бесник Халили, со знаење на одговорното лице, Ремзи Мифтари, однеле два автобуси кај механичар за да им вградат манипулатори на брзината.

Истото го изјавил и возачот Бесник Халили, но на претходното рочиште ја сменил изјавата ред судското тело, велејќи дека не знае ништо за манипулаторот.

Обвинителот на предметот, Дарко Јакомовски, го праша Наумовски каква е состојбата во „Дурмо Турс“ по несреќата, дали се уште се користи манипулатор. Со брза реакција на одбраната, судот не дозволи да се одговара на оваа прашање оценувајќи го како тенденциозно и не релевантно.

Во моментот кога требаше да сведочи техничкиот вештак од Електротехничкиот факлутет, Јосиф Ќосеф, за тахографот на автобусот и мерењето на брзината, реагираше одбраната. Адвокатите го оспорија вештиот наод, бидејќи според нив Ќосев не поседува лиценца за вештачење и не фигурира во регистарот на Министерството за правда.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица – Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски. Тие се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Тројца вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски се обвинети  за соучество во истото кривично дело.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни