Македонија

Покачување на пензиите пред избори – „Малку е, само за да добијат гласови

Но, и покрај ветувањето на Заев, дел од пензионерите песимисти. Тие за ТВ21 велат дека станува збор само за предизборни ветувања за добивање гласови.

Според министерката Мила Царовска, минималната пензија во 2020 година ќе биде 15.500 денари. Според податоците од март годинава, највисоки пензии има во Словенија, во просек 650 евра, потоа во Хрватска -490, Црна Гора 280 евра, додека Македонија го дело местото со Србија и Босна и Херцеговина со пензии од околу 230 евра. На последно место е рангирана Албанија со 150 евра.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни