Синдикалците незадоволни од ветувањата на премиерот Зоран Заев што ги дал уште пред почеток на мандатот. Претседателот на УПОЗ, Пеце Грујовски, рече дека има забелешка во однос на покачувањето на платите. Според него, премиерот Заев требало уште на почеток да каже дека зголемувањето ќе се врши во фази, а не само да ветува енормно покачување.
Министерот за јавна администрација, Дамјан Манчевски говореше околу чекорите кои ги преземала Владата во насока на покачување на платите во администрација и образование. За следната година вети дополнително зголемување.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак, го обвинија премиерот Зоран Заев, дека им ги намалува платите на професорите и наставниците за 5.660 денари. Димче Арсовски вели дека најавеното покачување од 10% е само „мачкање очи“ и „прикривање на грабежот“ што им се прави на просветните работници.
Инаку, од 1-ви јануари следната година просветните работници ќе земаат повисока плата за 10%, откако Синдикатот за образование и наука и Министерството за образование, постигнаа договор прифатлив за двете страни.