4NEWS.mk

Доделени 53 ваучери за новороденчиња во Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија им додели нови 53 ваучери.

Ваучерите во висина од 6 000 денари, а Општината ги доделува со цел на семејствата да им послужат за првичните потреби за децата.

Барањата за добивање ваучер потребно е да се поднесат во рок од 90 дена од раѓањето на детето. Со нив треба да се достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни