4NEWS.mk

МВР демантира дека има изградба на мигрантски кампови во нашата држава

Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира лагите и дезинформациите пласирани во одредени медиуми за некаква изградба на кампови за мигранти на територијата на Република Северна Македонија. Станува збор за лага со цел да се манипулира јавноста.

На министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ- Западен Балкан што денеска се одржа во Скопје темата воопшто не беше разговарана, а ставот на МВР и Владата на Република Северна Македонија е јасен и дециден дека никогаш нема да се прифати изградба на кампови на територијата на нашата држава.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни