Македонија

„Амнестија, клиничка смрт за судството“, Алијанса за Албанците и БЕСА против секаква аболиција

Алијанса за Албанците е против било каква аболиција и нема да дозволи во ниту еден момент со нивни гласови да се амнестираат лица кои треба да одговараат пред правните органи. Лидерот на АА, Зијадин Села, рече дека има дилеми во врска со член 11 на Законот за амнестија, дали постои како таков или не.

„Ние го разгледуваме и имаме дилеми од аспект дали има право Уставниот суд да дебатира за закон кој целосно е повлечен. Не станува збор само за еден член од Законот, бидејќи во 2009 е повлечен целиот закон и затоа без разлика каков ќе биде нашиот однос, доколку има член 11, ние ќе ја разгледаме можноста и нема да дозволиме со наши гласа да се амнестира некој кој треба да одговара пред правните органи“, рече Села.

Доколку би се вратил Законот за амнестија, тоа би било тежок удар за судството и правниот систем, сметаат од Движење Беса. Аријанит Хоџа рече дека потребни се сериозни реформи во правниот систем и да се носи закон со кој ќе биде забрането блиски роднини на политичарите да работат како судии, обвинители или адвокати.

„Во Собрание да се донесе Закон со кој ќе се оневозможи блиски роднини на политички функционери да се вработуваат како судии или обвинители. Исто така да се санкционираат со Закон членови од тесниот семеен круг да немаат право да бидат адвокати, судии или обвинители. Бидејќи овој вид на непотизам и судирот на интерес го доведе судството во сегашната ситуација при што е урнат целиот правосуден систем.“, изјави Хоџа.

Инаку темата за аболиција е актуализирана откако Уставен суд одлучи да ја прифати иницијативата за оценување на член 11А на Законот за амнестија.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни