Под скопско кале, на кејот од Вардар повторно „никнаа“ импровизирани куќи, каде живеат граѓани од ромската заедница. Властите еднаш ги отстраниле од таму, за да ги сместат на друго место. Овие колиби покриени со најлон и ќебиња, повторно „никнаа“ на истото место.
ТВ21 ги посети за да ги праша како ги поминуваат студените ноќи, но жителите не сакаа да ги снимаме, дури и ни се заканија.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, вели дека дел од овие граѓани биле преместени во социјални центри, но како што вели, дел од нив не прифатиле такво нешто.
Во овој дел кој и припаѓа на општина Центар, има 15 колиби. Жителите кои живеат во истите за егзистенција продаваат пластични шишиња и хартија кои ги собираат од отпадот.