Македонија

Реакција на ТВ21 во врска со соопштението на Општина Чаир!

Општина Чаир и градоначалникот Висар Ганиу се огласија со соопштение испратено до ТВ21, кое воедно е објавено и на неговата официјална Фејсбук страница, во кое ја напаѓа нашата телевизија и се обидува да држи лекции по професионалнио новинарство.

Во него пишува дека Општина Чаир остро ја осудува, како што се вели, манипулативната тенденција и дезинформирањето на јавноста преку денешната објавена вест и известува дека платите на сезонските работници се редовно исплатени. За да го докажеме тоа ги повикуваме сите медиуми да дојдат и да извршат увид во изводите од реализираните исплати на платите за сезонските работници во последните три месеци на вработените кои денес искажаа невистини.

За објавените невистини ќе ги преземеме сите предвидени законски мерки, се вели во соопштението. Но, останува нејасно каде е тука манипулацијата на ТВ21, кога нашата телевизија пренесува нешто што работниците кои го уредуваа паркот јавно го кажаа, пред градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, но и пред целата делегација која беше присутна на отворањето на паркот.

Воедно, Ганиу веројатно заборави дека од страна на ТВ21 е прашан за ова пред сите, а неговиот одговор е дел од истиот објавен прилог.

Дека ТВ21 се придржува до професионалните стандарди, со пренесување на ставовите на сите засегнати страни, покажува и објавата на овој текст, кој од Општина Чаир го нарекуваат демант.

Фокусот на ТВ21 продолжува да биде обичниот граѓанин и професионалното новинарство. Под притисоци не подлегнуваме.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни