Македонија

Блесна новогодишната елка во Скопје

Со вeчерашното светнување на елката на плоштадот „Македонија“ и отворањето на новогодишниот базар „Винтерленд“ симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје, а граѓаните ќе имаат можност да ја почувствуваат новогодишната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма.

На почетокот на новогодишниот базар присуствуваше Градоначалникот Шилегов, а празничната атмосфера беше збогатена со детска претстава проследена со новогодишни и божиќни песни.

Новогодишните куќички на „Винтерленд“ се сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае 25 дена – од отворањето на базарот, па се до 31 декември, до дочекот на Новата 2020 година.

Во работните денови секој ден ќе има 2 часа детска програма која ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има 3 часа програма за возрасни.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни