Повторно се актуализира темата за употребата на Законот за албанскиот јазик. Венецијанската комисија, бара законот да се разгледа за двојазичноста во судските постапки.
Премиерот, Зоран Заев, рече дека Заклучоците на Венецијанската комисија треба да се земаат предвид и да се почитуваат.
Вицепремиерот, Бујар Османи, настојува дека за спроведувањето на албанскиот јазик во судството не е побарано мислење од Венецијанската комисија, туку само оценување дали треба да има двојазичност на банкнотите и униформите на војската.
Во заклучоците на Венецијанска комисија, кое го објави Османи се вели:
“Комисијата нема мандат да ја оцени уставноста на Законот. Комисијата ја поздравува пошироката употреба на албанскиот јазик. Употребата на двојазични банкноти и униформи кај војската не е во спротивност со меѓународните норми. Комисијата не даде позитивно мислење за делот за употребата на албанскиот јазик во судските постапки и висината на казните кои треба да ги воведе Инспекторатот.“
Професорката Тања Каракамишева која беше присутна на пленарната седница на комисијата, нотираше 14 точки, кои, според неа, биле спорни. Она што најмногу привлекува внимание е тоа што според неа комисијата побарала Законот по разгледувањето да не се усвои по скратена постапка.
„Комисијата му препорачува на законодавецот при повторното разгледување на измените на законот да не ја користи скратената постапка во Собранието.“, напиша Каракамишева.
Со реакција излезе и опозицијата. Лидерот на Движење Беса, Биљал Касами, вели дека се согласува оти законот треба да се разгледа, но не и делот каде се вели дека Албанците се малцинство во Македонија.
„Има две нешта. Првото се согласувам со Венецијанската комисија и второ дека не се согласувам. Се согласувам дека треба да се разгледа Законот и ние како Движење Беса велиме дека е време албанските партии да седнат и во рамките на Албанската платформа еднаш засекогаш да го решат со албанскиот јазик и тој со Устав да биде службен јазик, а не вака со парцијални решенија кои потоа прават уште поголеми штети во нивното спроведување. Не се согласуваме со тоа дека Албанците во Македонија се малцинство, туку се втората најголема етничка заедница во земјата“, вече Касами.
Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека извештајот на Венециска комисија треба да се земе предвид со оглед на тоа државата има аспирации за членство во ЕУ.
Инаку Законот за јазиците беше усвоен во јануари 2018 година, а стапи на сила по една година. Потоа спорните прашања беа испратени на разгледување во Венециска комисија. Од Законот се формирани две институции, Агенцијата и Инспекторатот за спроведување на јазиците.