Согласно Законот за избори точно 20 дена или околу 2 недели пред одржување на изборите, треба да почне предизборната кампања на политичките партии во земјата.
Но, партиите веќе почнаа со нивните активности, како што се средби со граѓаните во разни градови за да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат. Првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, денеска се сретна со жителите на Бутел, Визбегово и Љуботен. ТВ21 беше во Визбегово за да го праша дали ова е предвремена кампања за парламентарни избори?
„Ние ова го нарековме „пред кампања“ за да поразговараме со граѓаните и да ги слушнеме, бидејќи сме во фаза на изготвување на програмата на Алијанса за Албанците. Дел од програмата ќе бидат и проблемите на граѓаните, па затоа разговараме за потребите кои ги имаат, и нормално за да ги информираме околу платформата и идејата на АА“, изјави Зијадин Села од Алијанса за Албанците.
Истото го прават и другите албански партии, како што е Движењето Беса.
Алтернатива и покрај ангажманите за избор на претседателите на Младинските форуми, сепак не ги занемарува ниту средбите со граѓаните. ДУИ се занимава со активности за избор на раководствата на партиските ограноци. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ пред извесно време почнаа со вакви средби, СДСМ под слоганот „На прав пат“, а ВМРО со „Разговори за обнова на Македонија“.