Македонија

Граничниот премин „Белановце-Станчиќ“ чека две години: „Косовската страна нема интернет“

Во синоќешното издание на емисијата „Клик Плус“, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, изјави дека граничниот премин Белановце-Станчиќ сѐ уште не е отворен бидејќи косовската страна нема интернет.

-Факт е дека косовската страна… бидејќи станува збор за друга држава која мора да има полицајци и тие полицајци немаат интернет од нивна страна. Ние им понудивме интернет, но тие не прифатија од безбедносни причини. Недостига само интернетот, односно кабелот за интернет-изјави Османи.

Инаку, камен-темелникот за ГП „Белановце-Станчиќ“, е поставен во јуни 2018 година. Тогаш беше кажано дека активностите ќе завршат до јануари 2019-тата. Но, рокот беше пробиен, а границата сѐ уште не е отворена. Претходно, од Алијанса за Албанците ѝ дадоа ултиматум на Владата дека доколку до 28-ми ноември не се отвори границата, тие ќе организираат протест. Ултиматумот на партијата уследи откако Османи во емисијата „10 Минути“, изјави дека граничниот премин ќе се отвори на историски датум, но не прецизирајќи за кој ден станува збор. На 28-ми ноември, лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека отворањето

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни