Дваесетгодишниот Патрик до Сеу истрчал на улица за да спаси дете кое било нападнато од питбул.
Со голи раце го туркал кучето од себе додека на успеал 4-годишното дете да го стави на покрив на автомобил.
Безбедносните камери го снимија моментот кога кучето го нападнало 4-годишниот Жоао Педро во една улица од Рио де Женеиро. Питбулот го гризнал детето по рацете и нозето и почнал да го влече по земја пред да го спаси Патрик.
Освен што на снимката се гледа застрашувачкиот напад врз детето, се гледа и момчето како трча кон него за да го спаси детето. Подоцна тој изјавил за медиумите дека во тој момент мислел на својата двегодишна ќерка.
„Си замислив дека тоа е мојата сопствена ќерка. Таа има само две години, но е иста висина. Кога видов што се случува, се уверив дека тоа е таа и инстинктивно реагирав. Кога го повлеков кучето од детето, видов дека ги зарил забите во неговиот врат“, рече Патрик и истакна дека себеси не се смета за јунак. Кога кучето него го нападнало откако го зграпчил детето, и самиот Патрик се качил на покривот од автомобилот за да се спаси.
Патрик и Жоао морале да чекаат половина час на покривот од возилото пред да стигне помошта. Дадилката на детето изјавила дека кучето наеднаш се појавило и го нападнало детето.
Двајцата се здобиле со полесни телесни повреди, а детето било гризнато и за вратот. Бидејќи кучето не било чипирано, не се знае кој е сопственик. Кучето моментално се наоѓа на набљудување кај локален ветеринар, пренесува Дејли Мејл.