Лидерот на ДУИ, Али Ахмети упати честитка до сите граѓани на државата што го прославуваат Божик по Грегоријанскиот календар.
– Пораката на овој голем ден на раѓањето на надежта и вербата, на љубовта, мирот, оптимизмот, солидарноста и добрата волја е универзална, со која се идентификуваме секој од нас без разлика на верата и нацијата, наведува Ахмети ви честитката.
Тој натаму порачува дека овој празник доаѓа во период на голема надеж за посветла иднина.
– Потполно верувам дека заедно ќе ги постигнеме колективните цели кои ги поставивме за да ја унапредиме благосостојбата на нашите граѓани и нашата земја. Здравје и радости за сите вас, порачува Ахмети во пораката.