Во сабота во 17 часот во зградата на македонската влада ќе се сретнат лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев, дознава Алфа од извори во двете најголеми македонски партии.
За во 19:30 истиот ден се очекува да се случи средба и меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
За оваа средба се уште нема точна локација.
Темата на двете средби ќе бидат деталите за формирањето на Техничката влада и кадровските решенија кои од 3 јануари ќе бидат дел од владата која ќе ја води државата до 12 април кога се закажани предвремени парламентарни избори.