По налог на Обвинителството за организиран криминал, денеска на подрачјето на Нови Сад и Врање се уапсени три члена од криминална група при обид за купопродажба на 6,5 килограми хероин донесен од Македонија, јавува српската агенција Танјуг.
Акција за апсење на другиот дел од оваа криминална група е во тек во Македонија, дознава Танјуг од обвинителството.
За овие информации засега нема потврда од македонското МВР.