На сервисните улици „Галилео Галилеј“, „Апостол Петков“ и „Павел Шатев“ во станбената населба Караорман во Гевгелија, со средства од доделениот грант, почна изградбата на водоводната и канализациска мрежа, потврдија денеска од општинската служба за информирање.
-Со овој зафат целосно ќе биде обезбедена комуналната инфраструктура за веќе изградените станбени објекти, но и за сите тие што допрва ќе се градат на продадените парцели, велат од општината.
За целосно профункционирање на водоводната и канализациската мрежа, од општината упатија апел сите сопственици на станбени објекти и градежни парцели на споменативе улици во населбата Караорман, веднаш да достават барања за приклучок до општинското јавно комунално претпријатие кое по инсталирањето на линиите ќе пристапи кон приклучување на корисниците.