4NEWS.mk

ДУИ даде согласност за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го прифати предлогот на Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада која треба да биде избрана на 3 јануари.

Без да откријат име Ахмети и Мицкоски потенцираат дека се работи за професионалец со богато искуство во ресорот, но како што нагласи Ахмети тој досега не бил дел од политичкиот и јавниот живот. Неофицијално се работи за Драган Ковачки, полковник во АМР, со долгогодишно искуство во безбедносната сфера и обуки од и за НАТО алијансата

Мицкоски пак по средбата со Ахмети замина кај премиерот Зоран Заев за да ја добие потврдата и од него и да се исполни законскиот услов предвиден со Пржинската влада.

По средбата со Ахмети, Мицкоски изјави дека е отворен да разговара со Заев и за сите други прашања кој што се од интерес за граѓаните вклучително и измените за изборниот законик. 

 

Катерина Нешкова

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни