4NEWS.mk

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државнита патишта се одвива тековно по влажни коловози на повисоките места во северозападните, западните и југозападните делови од државата. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Маврово, а со слаб интензитет во Крушево, Кичево, М. Брод, Делчево и на планинските превои Буково и Ѓавато, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја нашата веб страница www.makedonijapat.com.mk

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни