4NEWS.mk

Масакр на прославата на еврејскиот празник: Избодени петмина додека славеле ханука во Њујорк

Пет лица се избодени синоќа на прослава на еврејскиот празник ханука во градот Монси недалеку од Њујорк, соопштија властите, додавајќи дека осомничениот за нападот е лоциран.

Полицијата наведува дека нападот се случил во една куќа во Монси и дека њујоршките полицајци го лоцирале возилото на осомничениот. Во соопштението се вели дека жртвите се пренесени во болница, но нејасно е за степенот на нивните повреди, како и мотивите за нападот, пренесува АП.

На фотографиите и видео снимките објавени на Твитер се гледа дека на местото на настанот се упатени голем број на возила на итната помош, а присутни се и голем број полицајци и возила за итни случаи.

Регионалниот совет за односи со јавност на ортодоксната еврејска заедница пренесе на Твитер дека нападот се случил во куќа на ханука.

Некои официјални лица го опишаа местото на напад како синагога. АП наведува дека во саботата вечер е прославен седмиот ден од ханука и потсетува дека минатата недела во околината на Њујорк имало најмалку шест пријави на напад за кои се сомневаат дека се мотивирани од антисемитизам.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни