4NEWS.mk

Шекеринска ветува дека 2020. повторно ќе биде безбедна, сојузничка и посилна година

Во последните денови од ова година сите сме растрчани, се обидуваме на најдобар начин да ја пречекаме 2020 година. Дочекот ќе ни донесе многу нови семејни, пријателски спомени и моменти, вели во новогодишната честитка до граѓаните вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска.

Некои од нас, нагласува таа, ќе го слават заедно со семејството, некои со пријателите, некои сами, сепак, како што истакнува, ова ќе биде можност за преиспитување, што сме постигнале, што можеме повеќе, што треба поинаку. Но, порачува, сите ние ќе бидеме обединети во надежта дека во 2020 можеме да бидеме и подобри, да постигнеме повеќе за себе, за своите најблиски, за оние на кои им треба нашата помош.

– Можам да Ви ветам и можам да се обврзам дека 2020 повторно ќе биде безбедна, сојузничка и посилна година. Посакувам многу здравје и успех. Среќна Нова!“, порача министерката Шекеринска.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни