Во градското собрание во градот Дре, кој се наоѓа на околу 70 километри од Париз, непознат напаѓач отвори оган и рани еден службеник, по што изврши самоубиство.
Според прелиминарните информации, францускиот службеник е тешко ранет и е во животна опасност.
Медиумите наведуваат дека напаѓачот вооружен со ловечка пушка влетал во Собранието околу 10 часот, по што отворил оган и го застрелал службеникот.
Градоначалникот на градот Дре, Жерар Хамел рекол дека ранетиот службеник изгубил многу крв, имал повеќе рани, но во овој момент животот не му е загрозен.
Медиумите пренесуваат дека напаѓачот влетал во канцаларијата на споменатиот службеник и го застрелал, а потоа го свртел оружјето кон себе и извршил самоубиство. Како што наведуваат официјални лица, мотивите за нападот најверојатно се од лична природа.
Припадниците на безбедносните сили се на терен.
Напаѓачот е идентификуван и бил на возраст од 40-тина година. Тој е сопруг на директорката за човечки ресурси која исто така работи во општината. Жртвата, Ричард Бозон е погоден во бутот и тешко е повреден, но е вон животна опасност.