4NEWS.mk

Сабо бод за Барселона на дуелот со последнопласираниот Еспањол

Иако важеше за огромен фаворит, тимот на Барселона одигра само 2:2 со последно пласираната екипа на табелата во Примера, Еспањол на синоќешното градско дерби.

Каталонскиот гигант пропушти шанса да ја врати разликата во однос на Реал Мадрид, па сега двете екипи на точно половина од сезоната (по 19 кола) се изедначени на врвот на табелата со по 40 бода.

По нив следува Атлетико Мадрид со 35 кој синоќа го совлада Леванте со 2:1. Кругот на најсериозни претенденти за титулата се затвора со Севиља која исто како и Атлетико на половина од првенството собра 35 бода. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни