Меѓусебни обвинувања меѓу новата министерка во министерството за труд и социјална политика Рашела Мизрахи предложена од ВМРО-ДПМНМЕ, и заменик министерката Санела Шкријељ.
Мизрахи рече дека имала сознанија дека се заглавени дури 8500 предмети за нега на трето лице, меѓу народот познато како „туѓа нега“.
„Од овој момент натаму, празните зборови се минато. Јас не можам да направам промена на светот за три месеци, но ќе се потрудам она што е мој домен да не наликува на изминатите три години. Ние можеме и имаме ресурси за функционираме подобро. Имам сознанија дека се заглавени дури 8500 предмети за нега на трето лице, меѓу народот познато како „туѓа нега“. Ве молам туѓа нега е навистина непристоен назив. На овој проблем, посебно ќе се ангажирам периодот. Нашите информации велат дека постојат сомневања за злоупотреби и неосновано одземање на истата од граѓаните на кои им е најмногу потребна. На таквите поплаки и реакции мора да се одговори. Ќе биде темелно прочешлано на кој начин и како се дадени согласностите за нега на трето лице, но и на кој начин се одземани и не се доделувани овие права. 8500 заглавени предмети укажува на тоа дека системот не функционира, дека има луѓе на кои им е потребна помош во овој момент, а не ја добиваат.“, рече Мизрахи.
Реагираше Шркијељ која целосно ја демантираше Мизрахи.
„Целосна невистина се тврдењата на новата техничка министерка Рашела Мизрахи дека во Комисијата за помош и нега од друго лице се блокирани над 8.500 предмети.
Воедно сакаме да ја изразиме нашата загриженост од непознавањето на системот на социјална заштита на техничката министерка, која пред да излезе на прес конференција за нерешените предмети за помош и нега од друго лице требаше да знае дека согласно стариот Закон за социјална заштита потребата од помош и нега од друго лице со наод, оцена и мислење ја утврдуваше стручна Комисија која беше при јавна установа која во рамките на својата дејност третира проблеми од областа на психо-физичкиот развој на лица со одреден вид на попреченост и дека МТСП немаше надлежност над работењето на оваа Комисија.“, рече Шкријељ.