4NEWS.mk

Зоран Mилановиќ е новиот претседател на Хрватска

Новиот претседател на Хрватска е Зоран Милановиќ. Неговата победа стана извесна откако беа обработени повеќе од 80 проценти од избирачките места.Милановиќ има предност од повеќе од 100.000 гласови. Во ХДЗ го признаа поразот, а во СДП се слави победата на изборите. Милановиќ во моментов има 1.022.102 гласови, наспроти Колинда Грабар-Китаровиќ која има 918,427 гласови.Милановиќ се огласи на социјалните мрежи и им се заблагодари на сите што гласале за него и учествувале во кампањата.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни